понеделник, 25 мај 2026

„Тигрите“ приведоа бегалец од Арачиново осуден на затвор од три години

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од МВР, по наредба од Казнено-поправна установа „Идризово”, тој се барал за доиздржување на затворска казна од три години и 14 дена, во врска со чл.215 и чл.396 од Кривичниот законик, за кои бил осуден на казна од вкупно шест години затвор.

Според наредба од Основен суд Скопје 1, тој е осуден на две години и шест месеци, во врска со чл.382 од Кривичниот законик. Во однос на двата централни расписи од МВР, О.М. се барал по член 383 и по член 288 од Кривичниот законик.

О.М. ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Идризово за доиздржување на казна затвор од вкупно пет години, шест месеци и 14 дена од вкупната затворска казна од осум години и шест месеци на која е осуден, појаснуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ