Попладнево на булеварот „Србија” спроти бензинска пумпа патничко возило „пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираат од МВР. Оттаму исто така велат дека продолжува увидот од страна на екипа на СВР Скопје.
Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Скопје
Констатирани се тешки телесни повреди кај малолетното девојче кое вечерва беше удрено од возило кај бензинската пумпа „Лукоил“, на булевар „Србија“ во Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Објавено на
часот





