понеделник, 25 мај 2026

Тепачка на ски-терените на Бистра, повредени и гостиварци и косовци

Објавено на

часот

Сподели

За дел од учесниците може да бидат поднесени и кривични пријави за насилство.

Според СВР Тетово, полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 18:15 часот ги лишиле од слобода: Ј.О. (27), Д.О. (30), Ф.О. (29) и А.О. (19) од Република Косово и Б.Д. (29), Г.Ѓ. (25), М.Ѓ. (41) и С.Ѓ. (30) од Гостивар, поради сомневање за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која околу 14:50 часот се случила на ски-терените на Бистра во Маврово.

Според пријавеното, во физичката пресметка биле употребени и тврди предмети, а две лица, А.О. и С.Ѓ. добиле тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде во меѓувреме биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Сите инволвирани се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ