
Од СВР Тетово информираат дека вчера по пријавата, полициски службеници излегле на терен и во месноста „Жировничко анче“ во близина на регионалниот пат Дебар-Маврово бил пронајден човечки труп.
По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција. Идентитетот на лицето и причините кои довеле до смртта ќе се утврдат по извршената обдукција.






