Во атарот на село Јажинце, тетовско, било забележано лице кое носело два поголеми пакета и не застанало на наредба на полициските службеници.
При преглед на теренот биле пронајдени пакетите кои содржеле разновидни лекови, од кои 17.410 таблети, 970 ампули и 120 капсули. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочуваат од МВР.






