
Во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(70) од Прилеп и товарно возило „исузу“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(56) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Л., констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.






