МВР информира дека во истиот временски период санкционирани се 63 возачи, од кои 39 на територија на Тетово, а 24 на територија на Гостивар. Според радарската контрола, 52 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а осум за дури над 70 километри на час над дозволената.
На подрачјето на СВР Куманово спроведена e исто така, засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 53 возачи.
МВР предупредува дека продолжува со засилените сообраќајни контроли и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.






