Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека кражбите биле извршени во аптека и во три продажни објекти на улиците „Орце Николов” и „Митрополит Теодосиј Гологанов” и на Плоштад „Македонија”, од кои едната била во обид. Одзел разни предмети и пари.
Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата.
По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најавуваат од МВР.






