На местото на настанот интервенираа пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кичево и го изгаснаа пожарот.
Во несреќата тешки телесни повреди претрпе шестгодишна сопатничка од село Зајас, додека возачот на фордот доби полесни повреди. Повредените се пренесени и згрижени во Медицинскиот центар Кичево.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата и продолжува со истражување на причините за сударот.






