сабота, 21 јуни 2025

Радовишанка измамена за 3.000 евра преку рент а кар – компанија

Вчераво 13 часот во ОВР Радовиш, 44- годишна жена од радовишко пријави дека била измамена од Б.М. од Радовиш за сума од 193.230 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, на 13 мај, Б.М. од рент а кар компанија од Радовишко, изнајмил патничко возило во нејзина сопственост и без нејзино одобрение заминал во Сојузна Република Германија, а за да ја држи во заблуда повремено праќал одредена сума на пари. Како што е пријавено, на 24.05.2025 тие повторно склучиле договор, но тој повторно не го испочитувал и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист за наведената сума. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ