сабота, 23 мај 2026

Пукање во скопско, две лица повредени

Објавено на

часот

Сподели

„Денес во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ќ.(23), М.Ќ.(30) и Г.Ќ.(25), сите од село Бојане, скопско, поради сомнение дека на 27.07.2021 околу 22.40 часот, пред угостителски објект во село Сарај, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир, поради претходно меѓусебно нетрпение, во кое биле употребени огнено оружје и остар предмет“, велат од МВР.

Притоа со повреди од огнено оружје се здобил В.Ќ, a со повреди од остар предмет Ф.М., по што биле пренесени во Градска општа болница „8 Септември“, односно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Трите лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ