петок, 22 мај 2026

Притвор за осомничениот убиец кој жртвата ја прободел со нож и заминал

Објавено на

часот

Сподели

Во Основното јавно обвинителство Скопје е донесена наредба за истражна постапка против едно лице за кривично дело – убиство.

„Осомничениот 30-годишник, по претходна вербална расправија, на 29 јуни со умисла лишил од живот едно лице во скопско Ново Село. Тој најпрвин од својот џеб извадил нож и почнал да му се заканува на оштетениот, кој започнал да бега и да бара помош. По кратката расправија, осомничениот му задал на оштетениот убод со ножот во пределот на ребрата и го напуштил местото“, соопшти обвинителството и информира дека жртвата подлегнала на здобиената повреда во Градската болница „8-ми Септември”.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведок на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ