вторник, 26 мај 2026

Превезуваат патници како на трки – за 4 часа 15 казнети возачи кои вршат јавен превоз

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека вчера во периодот од 6 до 10 часот на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје и магистралата Гостивар-Кичево, полициски службеници на СВР Тетово спровеле засилена акциска контрола за брзина со која се движат автобуси, минибуси и патнички возила кои вршат јавен превоз на патници.

„При контролата, биле откриени и санкционирани вкупно 15 ваков вид возила, 10 со тетовски и пет со гостиварски таблички, кои ја пречекориле максимално дозволената брзина за оваа категорија учесници во сообраќајот. Едно од возилата се движело со 70 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции“, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ