петок, 22 мај 2026

Полицијата од Подградец спречи транспорт на дрога преку Езерото

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата од Подградец, град на брегот на Охридското Езеро информира дека е запленета дрога во помала колична и дека е упасен Адриан Папајани (35) од селото Худениш, додека се трага по неговиот брат Фатјон Папајани (29).

„Истражните дејства покажаа дека двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија, кон Северна Македонија, преку водите на Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора „јамаха”, две електронски ваги“, соопшти полицијата.

Во соопштението на албанското Министерство за внатрешни работи се додава дека во соработка со македонската полиција се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.

Полициите на двете земји се вклучени и во расветлувањето на случајот со запленетиот кокаин во Драч.

Според последните информации од полицијата, во камионот со кој управувал македонскиот државјанин Назиф Ајроски (40) запленети биле вкупно 324 килограми и 400 грама кокаин, кој бил во кутии со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор а бил скриен внатре во шасијата на камионот.

Дрогата била откриена со скенер на втората линија на контролата пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Наполи

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ