„Обвинетите, во различни кривично-правни настани, биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Спротивно на важечките прописи со кои беше определена забрана за движење на населението како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, тие се движеле без дозвола надвор од нивните домови“, се вели во соопштението од ОЈО.
За секој од обвинетите Основното јавно обвинителство Битола предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.






