По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Патник од Норвешка агресивно се однесувал и во авионот и на скопскиот аеродром
На Меѓународниот аеродром Скопје денеска во еден часот по полноќ полициски службеници го привеле А.С. (44) од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во авионот во кој патувал од Осло до Скопје, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. При обидот да биде извршен службен разговор со него агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

Објавено на
часот