Жител на Охрид се товари за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
„На 11 јуни, спротивно на прописите со кои во одредени делови од деноноќието беше забрането движење на населението како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот бил затекнат како без дозвола се движи на улицата „Коста Абрашевиќ” во Скопје, информираат од ЈО.
Јавниот обвинител предложил на обвинетиот да му биде одредена парична казна од 100 дневни глоби со поединечен износ на една дневна глоба од 20 евра, односно казна во вредност од 2.000 евра.






