Претходно ЦУК информираше денес во поладневните часови две лица се изгубени во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер). Лицата телефонски пријавиле во СВР Битола дека се дезориентирани во просторот и залутале далеку од пешачката патека. СВР Битола го известува Центарот за управување со кризи, а од страна на РЦУК Битола известени се Горска служба од Битола и ДЗС Битола.
Тимови за потрага и спасување беа излезени на терен, воспоставен беше телефонски контакт со изгубените лица и добиени се информации за нивно последно движење како претпоставена локација, но за жал батериите и на двата телефонски апарати им беа комплетно испразнети, а последната комуникација на службите за потрага на терен со лицата е објавена пред 30 минути.
Без разлика на неможноста за контакт и комуникација со изгубените лица, службите беа во потрага на терен и ги најдоа изгубените лица.






