Возачот на мотоциклот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во ГОБ „8 Септември“. Полицијата изврши увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
Сообраќајот во овој дел од градот неколку часа се одвиваше отежнато, со зголемен метеж.






