сабота, 23 мај 2026

Љубовен триаголник во Општина Карпош заврши со повреда од нож и откази од работа

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата го испитува случајот, а градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев доделил отказни решенија на две лица, напаѓачот и жената, ангажирани со договор на дело.

Во текот на вчерашниот ден се појавија шпекулации дека се работи за советници на општината, но Богоев информираше дека вмешаните во крвавата драма биле времено вработени во општинската администрација.

МВР информираше дека вчера во 11,30 часот по претходна расправија С.А. (34) со остар предмет му нанел повреда на В.К. (37), двајцата од Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ