
„Наша интервентна екипа учествуваше во извлекувањето на повредениот од стрмниот и тешко пристапен терен на кој ловел. Со сериозна повреда на левата страна од слабинскиот дел го предадовме на Итната медицинска помош, која го транспортираше до болницата во Кочани“, истакна Благој Паунов, командир на
Територијалната противпожарна единица.
Од Одделението за внатрешни работи информирата дека ловеџијата кој пукал во својот колега е приведен и против него е поведена истражна постапка, а ловечката пушка е одземена.






