На локалниот пат помеѓу селата Шемшево и Лешок, полицијата го приведе Б.К. (31) од село Жилче кој управувал патничко возило „опел астра“ без возачка дозвола. Лицето е задржано поради сомнение за сторено дело по член 297-а од КЗ, а возилото е одземено и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
М.И. (20) од селото Челопек вчера бил фатен од полицијата затоа што управувал мотор „сузуки“ без регистарски ознаки и без дозвола. Мотоциклот е одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Д.Ш. (38) од Тетово на крстосницата помеѓу булеварите „Маршал Тито“ и „Благоја Тоска“ во Тетово полицијата го фатила како управува возило во алкохолизирана состојба. Кај него биле измерени 1,63 промили алкохол во организмот. Возилото е одземено и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.






