петок, 22 мај 2026

Казнети192 лица за возење под дејство на алкохол, 490 за пребрзо возење

Објавено на

часот

Сподели

„Најмногу санкции за управување под дејство на алкохол се изречени на територија на СВР Куманово-63, а за возење со поголема брзина од дозволената на територија на СВР Штип-77. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е и бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Им благодариме на најголемиот процент учесници во сообраќајот, кои возат според прописите и заеднички придонесуваат за поголема безбедност“, изјави Анегловски.

Тој упати апел до граѓаните, особено сега кога се укинаа мерките поврзани со КОВИД-19 и се организираат матурски прослави и други веселби, да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол, затоа што тоа може да биде кобно за нив, но и за другите учесници во сообраќајот.

Засилените акциски контроли, според Ангеловски, се насочени пред се кон санкционирање на прекршоците што, според анализите на МВР, се најчести причини за тешки сообраќајни незгоди, како што е возењето со поголема брзина од дозволената, возењето под дејство на алкохол и слично. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ