понеделник, 25 мај 2026

Истрага за две лица поради нелегална трговија со дрога

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата гостиварци на возраст од по 33 години на 31.12.2021 година, со автомобил се движеле на автопатот Тетово-Гостивар. На наплатната рампа, овластени полициски службеници го сопреле автомобилот и во него пронашле 22,94 грама марихуана, наменета за натамошна продажба. Дрогата ја одзеле, а лицата ги лишиле од слобода, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за еден од осомничените, бидејќи постои основ да се верува дека би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото.

Другиот осомничен се наоѓа на издржување затворска казна, а во моментот на сторување на делото бил на викенд отсуство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ