понеделник, 25 мај 2026

Две лица приведени за марихуана

Објавено на

часот

Сподели

Околу 18.00 часот на ул.„Младост” во Кавадарци, информираа денеска од МВР, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео”, управувано од М.К. и кога застанало возилото совозачот О.Н. фрлил неколку пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега.

При преглед во возилото биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, а исто така марихуана била пронајдена и кај возачот М.К..

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на О.Н.. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ