Од МВР информираат дека во несреќата учествувале ,автомобил фолксваген голф, со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(61) од село Долна Белица, струшко и автомобил тојота корола, со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(64) од Охрид.
На местото на незгодата починал Г.Р, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
„Со тешки телесни повреди се здобиле Б.Б., негов сопатник С.Б.(62) од Охрид и малолетен сопатник во патничкото возило „фолксваген голф”, а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф” од с.Долна Белица, струшко, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид“, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.






