петок, 22 мај 2026

27-годишно момче од Скопје почина откако било прободено со остар предмет

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 23.20 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(30) од с.Мирковци, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.40 часот во с.Ново село, по претходна расправија, Н.В. со остар предмет му нанел повреда на П.Ш.(27) од Скопје. П.Ш бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде им подлегнал на повредите“, велат од МВР.

Увид на местото на извршила екипа од СВР Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ