Се надевал дека можеби ќе добие дваесетина илјади австралиски долари. Меѓутоа, стариот автомобил кој со години собирал прашина, е продаден за околу 310 илјади евра (500 илјади австралиски долари) откако експертите откриле дека станува збор за еден од автомобилите со кои на Светското рели првенство во 1994 година управувале Колин Мекре и Карлос Саинц.

Вистинскиот идентитет и вредноста на автомобилот биле откриени откако сопственикот се решил да го продаде и го дал на проценка, тие веднаш ја процениле вистинската вредност на субаруто.

Автомобилот не бил во добра состојба, но бил опремен со оригиналниот дволитарски „боксер“ мотор со турбополнач и 6-брзински рачен менувач, со оригиналната сина надворешност.
Импрезата на аукцијата ја купил неименуван колекционер.
[video:https://youtu.be/eZgClzYzMaU autoplay:0]





