петок, 22 мај 2026

Легендарната „четворка“ за 60-годишнината доби верзија инспирирана од луксузните хотели (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Суит број 4 концептот е базиран на рено 4Л но наместо задни панели има пластични прозорци за патниците да имаат многу светлина. Покривот е, пак, прекриен со провидни соларни панели за дополнување на целосно електричниот погон кој го заменува стандардниот мотор.

За да се истакне фактот дека сега е електричен, традиционалната предна решетка на моделот е заменета со алуминиумски капак за да се добие флуиден изглед. Бојата, од друга страна, е дизајнирана за да даде поцврст изглед. Треба да изгледа како да е направен од бетон, што е алузија на дизајнерските трендови во модерната архитектура.

Во внатрешноста материјалите треба да дадат чувство на топлина. Предните седишта и инструмент таблата се прекриени со жолто кадифе, а задните седишта треба да изгледаат погрубо.

И багажникот минал низ голема трансформација, па сега има под од природни влакна и дрвена полица која може да биде отстранета за да се седи одзади кога багажникот е отворен. Рено соопшти дека сите материјали се добиени од врвни мајстори за мебел од Париз.

„Сакав да ги спојам светот на автомобилите со тој на архитектурата и да добијам соба со поглед кон небото“, вели Ленаур. „Дури подобар од најдобриот апартман, автомобилот е точно онаму каде што сакате вие – покрај море, среде поле, или низ сообраќајот на градот од вашите соништа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ