Најважните новини на фејслифтот на форд фокус се освежениот изглед, новиот мултимедијален систем, новата технологија за помош во возењето и унапредената моторизација. Моделот во салоните ќе пристигне на почетокот на следната година.
Кога станува збор за надворешноста, „носот“ сега стои повисоко, додека значката Форд е преместена од хаубата на решетката на маската. Маската е поголема од претходно, а се разликува во зависност од пакетот на опрема.
Сите верзиите имаат нови, потенки ЛЕД предни светла со интегрирани магленки.
Како опција се достапни и матрикс ЛЕД фарови, со функција на динамично осветлување во свиоци, активна контрола на снопот за да се избегне заслепување на другите возачи или прилагодување на светлото на состојбата на патот и временските услови.
Внатрешноста на автомобилот сега изгледа помодерно. На инструмент-таблата доминира огромниот 13,2-инчен дигитален екран преку кој возачот има пристап до новиот мултимедијален систем синк4.
Со клима-уредот и поставките на повеќето системи исто така се контролира преку екранот чувствителен на допир.
Основниот мотор на фокусот и понатаму е трицилиндерскиот 1,0-литарски екобуст со 100 или 125 коњски сили во комбинација со шестбрзински рачен менувач. Во понуда ќе биде и како мајлд хибрид со опциска седумбрзинска автоматика во верзии од 125 и 155 коњски сили.
Единствен дизел е 1,5-литарскиот екоблу во две верзии, со 95 и 120 коески сили. Во комбинација е со 6-брзински рачен или 8-брзински автоматски менувач.
Најновата СТ верзија под хаубата ќе го има 2,3-литарскиот екобуст со 280 коњски сили.
[video:https://youtu.be/R8h4pSvGMoo autoplay:0]





