петок, 22 мај 2026

БМВ покажа три уникатни „седумки“ од својата историја, вклучувајќи го славниот Бонд автомобил (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Под хаубата на 750иЛ во тоа време беше моќен V12 мотор и овој конкретен примерок бил исклучително добро одржуван и изгледа како што изгледал кога првпат излегол од фабриката. Видеото не се фокусира само на безвременскиот надворешен дизајн на автомобилот туку и на внатрешноста.

Домаќинот забележува дека материјалите во кабината изгледаат многу свежо, вклучувајќи ги кожата и пластиката. Како и секој автомобил од 1990-тите, има повеќе пепелници но најимпресивен е дисплејот на навигацијата во боја на инструмент таблата. Можеби е мал, но за автомобил од тоа време е прилично кул додаток.

Во видеото има и две особено специјални „седумки“ Е38. Првиот модел е во црвено-сребрена боја и е дизајниран од Карл Лагерфелд и е направен преку соработка на БМВ Индивиџуал и хотелот Четири сезони во Хамбург, Германија.

Овој примерок во кабината има факс-машина, ВХС рекордер, екран на задниот дел на централната конзола, два телефони и дури и фрижидер меѓу задните седишта.

На крај е претставен 750иЛ од филмот со Џејмс Бонд „Утрешнината никогаш не умира“. Опремен е со цела низа уникатни додатоци за филмот, па дури и со систем за управување на задното седиште.

[video:https://youtu.be/QIKNYZk0M6s autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ