петок, 14 ноември 2025

Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Турција, тресење се почувствувало и во големите градови (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди денес регионот Баликесир во Турција, а тресењето било почувствувано низ западните покраини, вклучувајќи ги градовите Истанбул и Измир. Долготрајното тресење на тлото предизвикало паника и страв меѓу жителите кои бегале од зградите барајќи безбедност, пишува Туркије тудеј.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Турција е позната по разорните сеизмички активности. Северноатлантскиот расед, една од најактивните потресни зони на светот, се протега по северниот дел на земјата во близина на регионот Мармара, каде што се наоѓа Истанбул.

Близината на земјотресот до густо населени урбани центри како Истанбул, најголемиот турски град ос повеќе од 15 милиони жители и Измир, третиот по големина град во земјата, веднаш предизвика загрижености поради можните жртви и материјална штета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ