сабота, 18 април 2026

Зеленски нуди помош во обезбедувањето слободно пловење низ Ормускиот теснец

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера повика на заеднички напори за воспоставување мисија која ќе обезбеди слобода на пловидбата во Ормускиот теснец, а воедно ќе го понуди военото искуство на Киев од Црно Море, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски зборуваше на видеоконференцијата на 50 земји, предводена од Франција и Британија. „Одлуките кои ги носиме сега во врска со Ормускиот теснец ќе одредат како другите агресори ќе гледаат на можноста за создавање проблеми во други премини и на други боишта“, оцени тој.

Тој предупреди дека мора да се преземат конкретни мерки за да се избегне сценариото од Газа. „Мора да бидеме што е можно поконкретни и појасни за да не се најдеме во иста ситуација како во Газа, каде што сè уште треба да се направи толку многу“, кажа тој. „Постојат безбедносни предизвици во Ормускиот теснец што не можат да се решат само со политички одлуки“, додаде тој, без да навлегува во детали.

Во изјавите објавени на апликацијата Телеграм, Зеленски истакна дека за време на четиригодишната војна со Русија, Украина „веќе извршила многу слична мисија во Црно Море“.

„Русија, исто така, се обиде да го блокира нашето море, а ние имаме искуство во придружба на трговски бродови, деминирање, одбрана од воздушни напади и целокупна координација на вакви операции“, порача украинскиот претседател.

Тој кажа дека Украина испратила експерти на Блискиот Исток за да им помогне на земјите таму да го искористат своето искуство во одбрана од руските дронови, од кои многу се од ирански дизајн. „Ние, исто така, можеме да придонесеме за поморската безбедност“, смета тој.

Украина веќе има договори за безбедносна соработка со Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а исто така наведува дека преговара со Оман, Кувајт и Бахреин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ