среда, 15 април 2026

Вучиќ: Србија купува ново оружје, следните денови ќе потпишеме големи договори

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес изјави дека земјата во наредните денови ќе потпише значајни договори за набавка на оружје и воена опрема, со цел понатамошно зајакнување на одбранбените капацитети.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во следните денови ќе потпишеме големи и многу важни договори за понатамошна набавка на оружје и воена опрема, а нè очекуваат и важни посети, за време на кои ќе се договорат дополнителни договори со други земји“, кажа Вучиќ по состанокот со највисокото раководство на Министерството за одбрана и на Српската армија.

Тој истакна дека веќе се направени големи нарачки за армијата и дека состојбата со материјалните резерви и пополнетоста, како во однос на персоналот, така и во однос на опремата, е значително подобра отколку на почетокот на годината.

Според него, се планира да се подигнат капацитетите на Српските оружени сили на повисоко ниво, вклучително и развојот на повеќеслојна воздушна одбрана и подобрување на системите за надзор.

„Ќе имаме такви капацитети што ништо нема да може да помине незабележано, од стратегиска авијација во областа до други активности на големи растојанија“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека ќе се зголеми количеството на оружје и опрема, како и моќта и дострелот на воените системи, и дека развојот на армијата ќе продолжи во таа насока.

Посебен акцент оваа година, како што изјави, ќе биде ставен на зголемување на производството на беспилотни летала, како и на роботизацијата и дигитализацијата на армијата.

„Очекувам значително зголемување на производството на беспилотни летала, но и силен напредок во роботизацијата и дигитализацијата на нашата армија, што дополнително ќе ги подобри нејзините способности“, истакна Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ