До неодамна за такво нешто не беше потребна согласност од владата, а на овој потег се гледа како на „прст во око“ за поддржувачите на ЕУ во Велика Британија, пишува Сан.
Владината веб-страница, во делот што се однесува на знамињата, вели дека „откако Велика Британија ја напушти Европската Унија, знамето на ЕУ повеќе не е вклучено во листата на знамиња за кои не е потребна владина дозвола“.
Овој потег е одвоен од упатствата до општинските власти, од кои се бара да го држат знамето на ЕУ како услов за добивање пари од Брисел од фондот за заздравување од пандемијата на ковид.
Практично секое ниво на власта во Англија ќе добие нешто од предвидените 65 милиони евра (56 милиони фунти).
Најголем примач на пари е Бирмингем (еден милион фунти), каде што мнозинството гласаше за напуштање на ЕУ.






