Многу силниот земјотрес е забележан околу 90 километри источно од градот Перивил на Алјаска, а се случил околу 22:15 часот по локално време.
Земјотресот е забележан на длабочина од 46,7 километри, што се смета за плиток земјотрес. Имено, Американската геолошка агенција земјотресите од 0 до 70 километри длабочина ги смета за плитки.
Издадено е предупредување за цунами.
[video:https://youtu.be/MpAK-XvsTb4 autoplay:0]По големиот забележани се уште два силни земјотреси со јачина од 6,1 и 6,3 степени по Рихтер и неколку послаби.
Полицијата во Кодијак, најголемиот град на истоимениот остров, ги советувала жителите одат на повисока локација, а средното училиште е отворено за потенцијална евакуација.
Пацифичкиот центар за предупредување за цунами ја истражува можноста за цунами и на Хаваите, а нивото на опасност од цунами се проценува и за уште неколку делови на американскиот и канадскиот брег.
Јапонската метеоролошка агенција ја истражува можноста за цунами на брегот на Јапонија.
Сè уште нема информации за човечки жртви и штета.
Алјаска е дел од Тихоокеанскиот огнен прстен, изразито трусно подрачје кое се протега од Алјаскиот залив до рускиот полуостров Камчатка.
Во март 1964 земјотрес со магнитуда од 9,2, најсилниот некогаш забележан во Соединетите Американски Држави и втор најголем во светот, ја погодил Алјаска. Траел неколку минути и предизвика разорен бран кој го погодил американскиот западен брег, при што загинале над 250 луѓе.
[video:https://youtu.be/gB31PSzBOwY autoplay:0]





