петок, 24 април 2026

Земан: НАТО мисијата пропадна, треба да се вложува во чешката одбрана

Објавено на

часот

Сподели

Земан кажа дека главната улога на НАТО е борбата против глобалниот тероризам, но дека Алијансата досега не успеала во таа задача.

„Недовербата во НАТО ќе порасне во многу земји членки по ова искуство, бидејќи ќе кажат ако не успеавте во Авганистан, каде е гаранцијата дека нема да згрешите и во некоја друга критична ситуација“, кажа Земан.

„Сега кога вложувањето во НАТО е само залудно трошење пари, нашето трошење на одбрана треба да се фокусира на националната одбрана и на воените набавки“, кажа чешкиот претседател.

НАТО денес соопшти дека талибанците не смеат да дозволат Авганистан повторно да стане легло на тероризмот и предупреди дека „сојузот ја задржа воената моќ“ и може да ја нападне секоја терористичка група.

Според чешкиот устав, претседателот е врховниот командант на чешките оружени сили, но владата е таа која ја поставува одбранбената политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ