четврток, 23 април 2026

Во рацете на полицијата попладнево паднаа доктори за нелегални третмани и препарати

Полицијата, поточно оделот за организиран криминал при БЈБ во акција пладнево за истрага за нелегални медицински третмани и нерегистрирани препарати.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата попладнево спроведе координирана акција на повеќе локации низ државата, насочена кон разбивање на мрежи кои, според неофицијални информации, вршеле нелегални медицински третмани и дистрибуција на нерегистрирани препарати.

Според сознанијата до кои Курир дозна дека во акцијата се опфатени докторите, Наташа К. – дерматолог, Арбен К. – дерматолог, Дејан Ф., Магдалена И.В.- доктор и Андреа Т. – АС естетик од Битола.

Се сомнева дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати, кои биле внесувани во земјава преку нелегални канали од повеќе држави, меѓу кои Кина, Турција и Србија. Производите, според информациите, немале соодветна контрола, дозволи ниту регистрација, а потоа биле пласирани на пазарот.

Овие препарати, кои често се користеле под превезот на естетски третмани, наместо подобрување на изгледот, можеле да предизвикаат сериозни здравствени последици – инфекции, деформитети, трајни оштетувања, па дури и ризик по животот на граѓаните.

Случајот отвора сериозни прашања за злоупотреба на довербата на пациентите и опасностите од нерегулирани медицински интервенции.

Надлежните институции најавуваат дека борбата против ваквите криминални структури ќе продолжи со засилено темпо, со цел целосно расчистување на случајот и санкционирање на одговорните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ