четврток, 23 април 2026

Муцунски-Варнс: Од големо значење е стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска остварил средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, што претставуваше прва средба по посетата на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на средбата било изразено задоволство од продлабочувањето на билатералните односи и соработката. Муцунски ја реафирмирал посветеноста на Владата кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, со посебен акцент на економските односи и потенцијалот за нови инвестиции.

Воедно, станало збор и за меѓународните односи, актуелните состојби во рамки на НАТО, како и за тековните безбедносни предизвици.

„Посебен осврт беше направен на реформските процеси, вклучително во областа на судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и на реализацијата на инфраструктурните проекти“, стои во соопштението на Министерството.

Во услови на зголемени безбедносни предизвици, како што додаваат оттаму, соговорниците го истакнале значењето на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО како клучни фактори за стабилност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ