четврток, 23 април 2026
МВР потврди

За боцкање со опасен ботокс уапсени се доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Денеска од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при под раководство на ОЈО за ГОКК се спроведува полициска акција при што е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на повеќе кривични дела, потврди МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбени Наредби од Основен кривичен суд се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, пришто лишени од слобода се повеќе лица, дел од нив вработени како доктори на скопските клиники и сопственици на дерматолошки ординации.

Сомнежите се дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати, кои биле внесувани во земјава преку нелегални канали од повеќе држави, меѓу кои Кина, Турција и Србија. Производите, според информациите, немале соодветна контрола, дозволи ниту регистрација, а потоа биле пласирани на пазарот.

Овие препарати, кои често се користеле под превезот на естетски третмани, наместо подобрување на изгледот, можеле да предизвикаат сериозни здравствени последици – инфекции, деформитети, трајни оштетувања, па дури и ризик по животот на граѓаните.

Случајот отвора сериозни прашања за злоупотреба на довербата на пациентите и опасностите од нерегулирани медицински интервенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ