четврток, 23 април 2026

Израелски министер: Чекаме зелено светло од САД за смртоносен удар врз Израел

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес, за време на безбедносната проценка со воени претставници, изјави дека Израел е подготвен да ја продолжи војната против Иран. Сепак, тој нагласи дека се чека на „зелено светло од Соединетите Американски Држави“ за напад врз новиот врховен лидер и енергетските објекти на Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израел е подготвен да ја обнови војната против Иран. Нашите одбранбени сили се подготвени и за одбрана и за напад, а целите се обележани“, кажа Кац.

Тој објасни дека Израел чека одобрение од Вашингтон „пред сè за да ја доврши елиминацијата на династијата Хаменеи, основачот на планот за истребување против Израел и наследникот на чело на иранскиот терористички режим, а покрај тоа и за да го врати Иран во камена доба со кревање во воздух на централните енергетски и електрични објекти и уништување на националната економска инфраструктура“.

Тој додаде дека следниот напад ќе биде различен од претходните. „Овој пат нападот ќе биде различен и смртоносен и ќе зададе разорни удари на најболните места. Тие ќе се надоврзат на огромните удари што веќе ги претрпе иранскиот терористички режим, кои ќе ги потресат и срушат неговите темели“, заклучи израелскиот министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ