Тој исто така потпиша указ со кој се регулираат правилата за доделување на новото државно одликување, јави Украинскиот национален весник.
Според текстот на указот, Урсула фон дер Лаен е одликувана за исклучителни лични заслуги во поддршката на стратешката определба на Украина за стекнување полноправно членство во Европската Унија, значаен придонес во зајакнувањето на отпорноста на Украина во одбраната на нејзината независност и безбедноста на цела Европа, како и за подобрување на меѓународната соработка во интерес на демократијата, мирот, добрососедските и пријателските односи меѓу народите.
Вчера, Врховната рада на Украина усвои закон со кој се воведува ново државно одликување – Орден на Европа.
Оваа награда ќе им се доделува на поединци за исклучителни лични заслуги во поддршката на стратешкиот пат на Украина кон полноправно членство во Европската Унија.





