петок, 24 април 2026

За првпат во историјата снемува вода во реката Колорадо во САД

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката на сојузната агенција за водостопанство следеше откако нивото на езерото Мид, најголемата акумулација во земјата, падна на алармантно ниво.

Објавувајќи за одлуката за редукција на водата, властите тоа го поврзаа со климатските промени.

Од водата од Колорадо зависат околу 40 милиони луѓе во САД и Мексико.

Езерото Мид кај Лас Вегас, создадено со изградбата на браната Хувер, со вода ги снабдува Аризона, Невада, Калифорнија и Мексико. Сега е на најниско ниво од изградбата во 1930-те.

Првиот циклус на редукцијата најмногу ќе ги погоди земјоделците во Аризона и Невада, соопштија локалните власти.

Доколку нивото на водата во езерото продолжи да паѓа, нови редукции би можеле да следат следната година. Агенцијата за водостопанство процени дека до крајот на 2021 акумулацијата би можела да има само 34 отсто од капацитетот, пренесува Би-би-си.

Сушите годинава погодуваат сè поголем дел од американскиот запад. ОН во извештајот минатата недела предупреди дека поради загревањето на Земјата сушите се сè почести. Сушите кои обично се појавуваат во интервали од десет години сега се 70 отсто позачестени, тврдат авторите на извештајот.

Не се сите суши предизвикани од климатските промени, но вишокот топлина во атмосферата извлекува сè повеќе влага од тлото, па сушите се полоши од вообичаено, истакнуваат експертите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ