четврток, 23 април 2026

Вухан ги тестира жителите по повторната појава на коронавирусот

Објавено на

часот

Сподели

Три нови случаи на зараза се потврдени во градот со 11 милиони жители, откако делта сојот се појави минатиот месец на истокот на земјата. Последните случаи на вирусот во Вухан беа забележани во мај минатата година.

Градот почнува итно тестирање на сите жители, објави Ли Тао, функционер на градската управа, на прес-конференција. Вкупно седум работници од други провинции имале позитивен тест, но четворица од нив без какви било симптоми на болеста.

Во Кина од пролетта минатата година речиси нема случаи на зараза, но во последните неколку недели се бележат нови. Денес се пријавени 90 новозаразени, од кои 61 случај на локално пренесен вирус. Најмалку 300 случаи на зараза се потврдени во јули во целата земја. Пекинг побара од жителите на Вухан да не го напуштаат градот освен во нужда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ