Тој истакна дека неговата земја економскиот напредок го постигнала, меѓу другото, и поради тоа што има пријателски врски со Русија и Кина, но и дека голем број инвестиции доаѓаат од Европската Унија.
Вучиќ во интервјуто, кое денес беше целосно објавено пред средбата на српскиот претседател со рускиот колега Владимир Путин, истакна дека Србија во изминатите две години имала најголема стапка на економски раст – околу 6,7 отсто и дека за последните седум години се изградени повеќе болници отколку во последните 70 години.
Одговарајќи на прашањето зошто го избрал потешкиот пат и не ѝ вовел санкции на Русија, Вучиќ кажа дека политиката не е полесниот пат и дека Србија има свои политички и економски интереси.
„Да немавме гасовод, да не соработуваме со Русија, ние денес ќе немавме гас, денес би плаќале 800-900 евра за гас“, објасни Вучиќ и истакна дека Србија тоа не може да го издржи економски.
[video:https://youtu.be/Wj769PXPQJg autoplay:0]





