четврток, 23 април 2026

Вучиќ: Не нè терајте да се извинуваме за тоа што ни протеравте стотици илјади луѓе

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ додаде дека повеќе нема да каже ни збор, освен пред крајот на годината, кога ќе се анализираат и споредуваат резултатите.

Претседателот на Србија одговори на новинарско прашање во врска со изјавите на хрватскиот претседател и премиер, Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ, кои вчера наведоа дека нема да дозволат да се доведува во прашање легитимитетот на Олуја, а на Србија ѝ порачаа да се откаже од јаловата политика на минатото.

Вучиќ истакна дека на Србија ѝ посакува најдобри и најтесни односи со Хрватска, но дека нема да ги заборави ни Јасеновац, Пребиловци, ни Олуја, Блјесак, ниту дека се срамат од своите жртви, колони бегалци, невини луѓе, виновни само затоа што се Срби, пренесува Танјуг.

„Напротив, со тие луѓе се гордееме и оние кои преживеаја ни го донесоа тука своето големо срце и придонесуваат денес на успесите на Србија“, наведе Вучиќ.

„Ако е тоа политика на минатото, можат да ја нарекуваат како сакаат, јас мислам дека тоа е политика на одговорност и иднина. А кој води јалова политика и политика на минатото – можеме да се споредиме пред крајот на годината, да споредиме, па нашите граѓани нема пресудуваат и одлучуваат“, кажа српскиот претседател.

Вучиќ истакна дека Србија е секогаш спремна на секаков вид разговор, договор, соработка.

„Но немојте да нè терате да ви се извинуваме за тоа што ни протеравте стотици илјади луѓе, бидејќи тоа поинаквата Србија, новата Србија со сменета политичка генерација нема да го прифати“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ