вторник, 5 мај 2026

Војската на САД забележала остатоци во вселената, Русија тестирала моќно оружје

Објавено на

часот

Сподели

Експертите велат дека противсателитското оружје кое ги разбива своите мети претставува опасност поради создавањето облак фрагменти кои може да се судираат со други објекти, што може да предизвика верижна реакција на проектили во Земјината орбита.

„Активно работиме на карактеризација на полето остатоци и ќе продолжиме да обезбедуваме сите земји присутни во вселената да имаат информации потребни за маневрирање на сателитите во случај на судир“, се наведува во соопштението на американската вселенска команда.

Американски функционер анонимно за Ројтерс кажа дека првите извештаи покажуваат дека Русија за време на викендот извела тестирање на противсателитско оружѓје.

САД ги извршија првите тестови на противсателитско оружје во 1959 година, кога самите сателити беа ретки и нови.

Русија минатиот април спроведе тестирање на противсателитски проектил, а експертите истакнуваат дека вселената ќе има сè поголема важност за современото војување.

Американската војска сè повеќе зависи од сателитите при копненото дејствување. На пример, при следењето на лансирањето проектили и насочувањето на единиците на терен.

Овие тестови исто така го поставуваат прашањето на долгорочната одржливост на операциите во вселена кои се клучни за голем број комерцијални активности, вклучувајќи ги банките и ГПС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ