За информацијата сè уште нема официјална потврда, а Војс оф Америка сè уште нема добиено одговор од Стејт департментот околу тоа.
Самитот за демократија ќе биде одржан на 9 и 10 декември и ќе учествуваат над 100 земји, со цел сопирање на демократското назадување и ерозијата на човековите права и слободи низ светот.
Порталот Политико минатата недела објави дека меѓу 100-те поканети земји и правни инстанци ги нема Србија, Косово и Босна и Херцеговина, а дека на листата се останатите земји од Западниот Балкан Црна Гора, Албанија и Македонија.
Од амбасадата на САД во Белград беше соопштено дека во иницијативата на Бајден не можеле да бидат вклучени сите партнери на Вашингтон и дека целта била да се собере регионално и општествено-економски разновидна група земји и правни инстанци.
„Целта беше да се соберат и земји со веќе силно развиени демократии но и демократии во создавање, различни по бројот на жители, етничкиот состав и географската позиција“, кажа портпаролот на американската амбасада во Белград.






