четврток, 23 април 2026

Водач на белоруска егзил група пронајден обесен во парк во Украина (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шишов бил водач на киевска организација која им помага на Белорусите избегани од земјата поради прогон. Неговото исчезнување вчера го пријавила неговата партнерка, откако не се вратил дома по трчање. Полицијата соопшти дека покренала кривична постапка под сомнение за убиство, но ќе ги испита сите можности, вклучително и убиство прикриено како самоубиство.

„Белорускиот државјанин Виталиј Шишов, кој вчера исчезна во Киев, денеска е пронајден обесен во еден од парковите во Киев, недалеку од местото на живеење“, се вели во полициското соопштение.

Украина, Полска и Литванија станаа прибежиште за Белорусите од репресијата на претседателот Александар Лукашенко, која се засили по спорните избори минатата година. Шишов бил водач на организацијата Белоруска куќа во Украина, која им помага на Белорусите да најдат сместување, работа и правни совети, стои на веб-страницата на здружението.

Организацијата вчера објави дека не може да контактира со Шишов. Тие рекоа дека Шишов го напуштил својот стан во 9 часот наутро и требало да се врати еден час подоцна. Белоруските власти ги окарактеризираа антивладините демонстранти како криминалци или насилни револуционери поддржани од Западот, а постапките на репресивниот апарат како соодветни и неопходни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ