среда, 22 април 2026

Во Токио, нов најголем дневен број на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата

Објавено на

часот

Сподели

Претходниот рекорд е забележан во вторникот кога беа откриени 2.848 зарази со коронавирус и покрај вонредната состојба во Токио и околните провинции, воведена за да се запре ширењето на вирусот.

Зголемувањето на бројот на инфекции доаѓа во време кога Токио е домаќин на Олимписките и Параолимписките игри под строги епидемиолошки мерки, но инфекцијата се шири и меѓу службениците и спортистите.

Во средата, најмалку 16 случаи на коронавирус се регистрирани меѓу олимпискиот персонал, а меѓу заразените немало спортисти, а досега се регистрирани вкупно 169 случаи на коронавирус.

Во покраините Токио, Канагава и Чиба се бележи пораст на бројот на случаи на ковид-19 поради делта варијантата на вирусот. Провинциите Канагава, Саитама и Чиба размислуваат да побараат од централната влада проширување на вонредната состојба во овие области поради зголемениот број на заразени лица.

Претходно, експертите предупредија дека делта сојот, кој за првпат беше откриен во Индија, може да предизвика алармантен бран со врв околу 3 август, пет дена пред крајот на Олимписките игри.

Од почетокот на пандемијата, во Јапонија се регистрирани 875.506 случаи на коронавирус, како и 15.137 смртни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ